На прашањето како Владата ја коментира анализата за нејзината транспарентност објавена вчера, портпаролите денеска на прес-конференција истакнаа дека тоа што регионалниот индекс на отвореност дава оценка за најотворена влада во регионот со над 82% исполнетост на поставените критериуми за отвореност, е дополнителен мотив и обврска да се продолжи на тој пат.
Како што беше наведено, ова е втора потврда, за неполн месец, по годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на „Центарот за граѓански комуникации“ во кои Владата доби максимални 100% транспарентност.
Според овие показатели Северна Македонија е првата земја во нашиот регион која одлучи политиката на отвореност да ја направи преку посебна стратегија која има цел да ја подобри транспарентноста и довербата во работата на институциите.
