Втор случај на индискиот сој на ковид-19, нема место за паника

Индискиот сој на вурусот е потврден кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Станува збор за колега на првоткриениот случај со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцат биле на работа во Ирак, со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Филипче тврди дека состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот кој бил регистриран на 7 јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата. Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет.

Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e