Врховен суд му го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“

Врховниот суд ја информира јавноста, дека на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението.

„Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година“, стои во соопштението од судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e