Врховниот суд ја укина пресудата за случајот Монструм.
Во денешното соопштение е наведено:
„Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување.“
Кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година беа убиени 4 момчиња и еден рибар. Во акцијата Монструм беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепена и второстепена постапка беа изречени и доживотни казни затвор.
Врховниот суд по јавната седница по жалбите на одбраната ја укинува пресудата, откако истото го предложи и јавното обвинителство со образложение дека има индиции за нови сознанија за случајот.