Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку ден со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.
До понеделник ќе преовладува стабилно време со променлива облачност преку ден, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат околу нула. Во понеделник ќе биде претежно облачно, а во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.