Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот на планините ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Во вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на повисоките места, но снег се очекува и на дел од пониските места, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде од -4 до +3 степени, а дневната ќе се движи во интервал помеѓу 6 и 14 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со салб доумерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 0, а дневната ќе се искачи до +11 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e