Новинарката Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“.
Талевска вратила повеќе од 27 илјади евра за затаен данок од шест години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1000 евра како споредна штета, 2000 денари судски трошоци.
„Обвинетото физичко лице во предметот за кој се интересирате во целост ги има платено сите трошоци и утврдената сума во пресудата. Што се однесува до правното лице, извршувањето ќе се спроведе штом тоа ќе ја прими второстепената пресуда, пренесува „Макфакс“.
На осудената Талевска, судот ѝ го вратил пасошот. Истиот ѝ беше одземен како дел од мерките за претпазливост кои ги побара СЈО.
