Водителот Миленко Неделковски во текст на неговиот портал Дудинка, тврди дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ има финансиски проблеми.
„Од вработените во ‘палатата’ разбравме дека во партијата ВМРО-ДПМНЕ службениците немаат земено плата 3 (и со зборови ТРИ) месеци плата. Засега, тоа бил дострелот на ‘реформаторите’ вклучени во ИК и другите служби на партијата“, пишува Неделковски во текст објавен вчера.