Вработените во одбраната најавуваат штрајк поради неисполнување на барањата

Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионални војници најавуваат штрајк поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платата и надоместоците на плата.
Претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста Ристо Ајтов денеска на прес-конференција рече дека бараат зголемување на платата за 20 проценти и во иднина таа да се корегира согласно нивото на зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи.
Вработените во одбраната бараат и зголемување на надоместоците на плата за ангажирање до висина од 1.200 денари.
Според нив, не е среден ниту организираниот превоз за доаѓање на работа во касарните, ниту им се исплатени досегашните трошоци на вработените во Министерството за одбрана и АРМ.
Извор: 24 Вести

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e