Под влијание на силниот циклон АЛЕН од влеравечер најпрвин во западните а денеска и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Локално во текот на утрешниот ден процесите има услови да бидат и поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен по интензитет. Во понеделник доцна попладне и навечер поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите па така врнежите од дожд на планините ќе поминат во врнежи од снег. За време на овој циклон локално ќе наврне и позначително количество на воден талог ( од 20 до 3 л/м2).
Особено студено ќе биде во текот на ноќта вторник кон среда и во среда наутро кога постои опасност и за појава на мраз па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени додека на планинските места ќе биде уште постудено, најсвеж ден ќе биде пак вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени.
Затоплување на времето и пораст на температурите на воздухот ќе има од среда па натаму.
Подготви: Славчо Попоски
