Согласно препораките на државните институции, СДСМ своите партиски активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.
За таа цел од денеска започнуваат со серијал на видео интервјуа во живо на социјалните медиуми, преку кои граѓаните ќе можат одблиску да се запознаат со понудата, но и подобро да ги запознаат носителите на листите и кандидатите за пратеници од победничката коалиција „Можеме“.
Прв гостин е носителот во изборна единица еден – Никола Димитров.