Во вторник ќе биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ова беше барање на многу наши граѓани кои работат во Германија
Се очекува наскоро по потпишувањето на декларацијата македонските возачки дозволи да бидат признаени.