Со воведни зборови на одбраната денеска во кривичен почна рочиштето за случајот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од специјалното јавно обвинителство. во судница се присутни сите обвинети во овој предмет. Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и уште 16 други лица.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.