Во техничката влада секој акт и документ мора да биде потпишан од министерот и заменикот, во спротивно не важи

Сто дена пред пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на премиерот, Собранието бира нова влада, преодна, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата на власт.

Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април. Се очекува до полноќ Собранието да ја изгласа техничката Влада, која ќе ја предводи Оливер Спасовски и која од утре, па во следните сто дена треба да ги организира изборите.

Сите овие процедури се согласно Законот за Влада, а решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Овој концепт, кој сега е и законска обврска, е дел од Пржинскиот договор што во 2016 година го постигнаа поранешниот премиер Никола Груевски, актуелниот премиер Заев, кој тогаш беше во опозиција и претставници на другите партии со помош на меѓународната заедница.

И откако денеска Зоран Заев поднесе оставка, а Собранието ја констатираше, на негово место доаѓа Оливер Спасовски, досегашниот министер за внатрешни работи, кој ќе биде вториот технички премиер во историјата на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e