Во сообраќајка загина 21 годишна девојка од Свети Николе

Утринава околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од Б.Т.(21) од с.Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката В.Г. (21) од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e