Во скопските ковид центри се лекуваат 242 лица, во изминатото деноноќие примени 12 нови пациенти

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани се 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот со што вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало три приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет примени пациенти, а три биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има четири пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

-Вкупно 242 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 300 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, соопшти Министерството за здравство.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e