Во изјавата дадена синоќа пред Кривичниот суд по определувањето притвор за Јанева, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и предметна обвинителка во „Рекет“ Вилма Русковска одговарајќи на новинарско прашање потврди дека во СЈО имало бришење на компјутерите, како што претходно објави „360 степени“.
„Видете, познато е дека дел од компјутерите се бришени и колку што јас имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден компјутер на кој било обвинител не е бришен и не е форматиран“, рече Русковска.
По аларм од вработени, „360 степени“ на 27 јули објави дека Јанева наредила ИТ-секторот да спроведе т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО првично демантираа, но по неколку дена признаа дека се трајно форматирани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Со бришењето не биле зафатени документите сместени на тие компјутери, но неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини.
Прочитајте повеќе на следиот линк.