Во Штип почнува масовна вакцинација за граѓаните од Источниот и струмичкиот регион

Стартува масовната вакцинација – Штип ќе биде еден од регионалните центри во државатa, објави градоначалникот на Штип Сашко Николов.
Во Штип почнува масовна вакцинација за граѓаните од Источниот и струмичкиот регион. Денеска ја посетив салата „Јордан Мијалков“ во штипската населба Сењак каде ќе се вакцинира населението. Општина Штип ќе пружа логистичка подршка, информираше Николов.

Центарот ќе има:
✅22 кабини за вакцинација
✅80 столчиња за опсервација после вакцинација
✅3 болнички кревети за итна медицинска помош и персонал
👉Ќе биде поставена пријавница за вакцинација и за излез
👉Посебно место за фрижидерите за чување и одржување на вакцините
✅Сите активности ќе бидат завршени до сабота
Паралелно со подготовките тече и вакцинацијата во здравствениот дом во Штип на постарите лица.Да останеме одговорни. Да носиме маски и да одржуваме дистанца. Да ги искористиме придобивките на науката и да се вакцинираме, само така ќе го победиме Ковид 19. – вели Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e