Во сабота, на 8 септември германската канцеларка, Ангела Меркел, ќе допатува во Скопје. Како што информирал нејзиниот портпарол, Штефан Зајтберт, агендата се уште не е целосно формирана, но потврдено е дека таа ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Од кабинетот на Меркел додаваат дека канцеларката, меѓудругото, сакала сама да ја почувствува атмосферата во земјава во пресрет на референдумот закажан за 30 септември.