Во регионот Западен Балкан почна имплементација на Регионалниот проект, со цел намалување на нерегуларната миграција во ЕУ

На почетокот на март 2021 година, Hilfswerk International во соработка со проектниот партнер Здружението за помош и развој HAJDE, ја започна имплементацијата на проектот „Намалување на нерегуларната миграција во ЕУ преку зајакнување на капацитетот на структурите поврзани со миграцијата во Западен Балкан“. Примарната цел на проектот е да се обезбеди соодветен придонес за подобра и поквалитетна соработка меѓу земјите од Западен Балкан, со заедничка цел насочена кон намалување на нерегуларната миграција во земјите од Европската унија.

Во претстојниот период од една година, ќе се направат активни напори за зајакнување на рамката на постоечките структури поврзани со миграциските теми во Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора, преку имплементација на планот за градење капацитети што го поддржуваат зајакнувањето на регионалната соработка, вмрежувањето и соодветната координација. Проектот е кофинансиран од Фондот за азил, миграција и интеграција на ЕУ (АМИФ) и Министерството за внатрешни работи на Република Австрија (БМИ).

Регионалните институции надлежни за следење и контрола на миграцијата ќе имаат можност преку организација на координативни состаноци и тематски конференции да ја подобрат меѓусебната соработка, да разменат искуства и да усвојат нови вештини, што ќе доведе до развој на регионална стратегија за контрола на нерегуларнитe миграции. Организацијата на специјалистички обуки и работилници насочени кон промовирање на ефективни методи на контрола на миграцијата, како и комуникацијата со цел размена на најдобри практики и искуства, ќе вклучува и членови на безбедносните и граничните структури на земјите кои се опфатени со проектот, кои се исклучително важни за целиот процес.

Во подготвителната фаза на проектот, Hilfswerk International воспостави контакт со релевантни институции надлежни за контрола на миграцијата во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора. Изразена е подготвеност за соработка и работа на успешно спроведување на планираните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e