Во полициска акција во Ваксинце пронајдени 81 мигрант

Полицијата утрово во 5 и 15 часот во кумановско Ваксинце пронајде осумдесетина мигранти.

Полицајците по добиена дојава упаднале во објектот каде биле засолнети, а ова не е прв ваков случај. Пред четири години полицијата пронајде 128 мигранти во општина Липково.

Мигрантите се сите од Блискиот исток и приведен е човекот којшто ги сокрил во својот објект во село Ваксинце.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e