Според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, до 13 часот во општина Крива Паланка излезноста на гласачите изнесува 36, 39%. Од вкупно 16.956 гласачи до 13часот гласале 6 166.

Во општина Ранковце гласале 30,36% односно 910 од вкупно запишаните 2974 гласачи во избирачкиотсписок.

Општините со најголем процент на гласови се Прилеп со 35,2 проценти, потоа Новаци со 33,12 отсто и Свети Николе со 31,10 отсто. Над 30 проценти излезност има и во Неготино, Пробиштип, Ранковце, како и Демир Капија и Кратово.
