Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а три на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени тројца пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.
Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.