Преку Платежната Агенција во изминатите три недели на сметките на близу 72 илјади лица, исплатени се над 35 милиони евра за субвенции.
„Од нив на 26.906 одгледувачи на житни култури исплативме 5,5 милиони евра. 16,2 милиони евра легнаа на сметките на над 33 илјади одгледувачи на обележани грла кози, овци, говеда и несилки, околу 9 милиони евра легнаа на сметките на над 15 илјади лозари . Додека 4,4 милиони евра легнаа на сметките на 11.428 одгледувачите на раноградинарски култури. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува и во иднина.“- истакна Николче Бабовски, директор на АФПЗРР.
Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.