Во Долнени ќе се отвори полигон за параглајдерство

Локалната акциона група (ЛАГ) Агро Лидер ќе го отвори полигонот за параглајдерство во Рибник, општина Долнени и ќе ги претстави своите активности на полето на промоцијата на Македонија како дестинација за параглајдерство.  Воедно како дел од активностите што ги спроведува за промоција на Македонија како дестинација, ЛАГ Агро Лидер организира 5-дневна посета на  Македонија од списанието за параглајдерство Термик, кое за својата посета ќе објави статија со која ќе се потенцираат убавините на Македонија и одличните природни услови за летање со кои располага земјата.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Швајцарската влада, до сега има опремено 4 терени за параглајдерство со метео станици, јарболи за ветер, патокази и информативни табли. Во Крушево, Проектот донираше и вештачка трева за да го модернизира теренот за Европските шампионати во параглајдерство и змајарство кои се одржаа во јули и август оваа година.

ЛАГ Агро Лидер е една од 10-те локални акциони групи како проект на УСАИД, регистрирани во Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Вардарскиот регион како дел од подготовките за воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Република Македонија. ЛАГ Агро Лидер работи на територијата на општините Долнени, Крушево и Кривогаштани, а е составен од членови од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e