Во Дебар презентиран новиот модел за субвенционирање за земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во Дебар.

-Од Дебар започнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко, порача тој.
-Предложуваме зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари. Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво. Оваа година ќе биде прва година во која комплетно ќе ги исплатиме сите заостанати субвенции кон сточарите, вели министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e