Внук го пронашол дедото мртов, со пиштол му пукале во глава

Внук го пронашол мртов својот дедо со прострелна рана во главата, информираа од МВР.

Според полицијата, скопјанецот Љ.П. вчераутро пријавил дека со прострелна рана од огнено оружје во главата го пронашол неговиот дедо Ж.М. (62) во неговиот дом на улицата Иван Наумов Алабакот во Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e