ВМРО ја напушти расправата, СДСМ гласаше ЗА одземање на мандатот на Груевски

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија комисиската расправа за одземање на мандатот и пратенички имунитет на екс премиерот и поранешен лидер на партијата Никола Груевски. СДСМ на комисијата со 5 гласа „за“ изгласа предлог за одземање на имунитетот на пратеникот Груевски а одлуката сега ќе се најде на пленарна седница на Собранието, каде за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски на власта ќе и биде потребно двотретинско мнозинство.

На комисиската расправа немаше  дискусија. Пратеникот на СДСМ  Кирацовски побара веднаш да се гласа, а групата на исклучени пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои формираа независна пратеничка група се изјаснија дека оваа седница е избрзана и се противат на ваквата одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e