Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот. Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата на Мицкоски, народот живее тешко, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, криминалот царува во Македонија, а на „чело на криминално рекетарската банда сместена на Илинденска б.б. е аболицираниот Заев“.
– Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка. Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество, велат меѓудругото од опозициската партија.