Парламентарниото мнозинство и Талат Џафери го злоупотребуваат отсуството на опозицијата во Собранието за партизација во Уставниот суд и во Советот за јавни обвинители, реагираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Изборот на Насер Ајдари, функционер на ДУИ на испразнетото место во Уставниот суд и изборот на Ангел Солев и Ангеле Илиевски којшто, според пишувања во медиумите, се членови на правниот комиет на СДСМ, претставува класична партизација на овие два органи. Ова претставува уште еден доказ дека не се залагаат за независно и силно Собрание, туку едноставно го претворија Собранието во машинерија која што мора да ги официјализира партиските и штетни политики и пазари кои што се прават помеѓу СДСМ и ДУИ“, се наведува во соопштението на пратеничката група на ДПМНЕ.