ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ работат на усогласување на ставовите

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ работат на усогласување на Законот за кривична постапка и Законот за јавното обвинителство. Опозициските пратеници не даваат детали, но извори од работните групи објаснуваат дека сè уште има разлики. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преговорите се заглавени кај Законот за кривична постапка и Законот за употреба на јазиците. Исто така, постои разлика во Законот за јавното обвинителство. И од СДСМ не даваат информации, меѓутоа, претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека за законите полека се наоѓа решение и наскоро ќе бидат ставени на дневен ред.

Постои усогласување со опозицијата, во моментот кога седницата ќе продолжи, ќе се стават на гласање. Ден претходно опозицијата ги поддржа донесените закони“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието

Претходно Џафери информираше дека партиите преговараат и за измените во Законот за извршители, но опозициски пратеници тврдат дека за овој закон досега воопшто не било дискутирано во работните групи. Покрај горенаведените закони, разлики остануваат и за Изборниот законик и за измените во Законот за јавното обвинителство, односно начинот на избор и разрешување на државниот обвинител. Опозицијата бара тој во Собранието да биде избиран со двотретинско мнозинство, нешто што и самиот СДСМ го бараше во времето кога беше во опозиција. Но, од партиите засега не се оптимисти дека ќе се постигне консензус за тоа.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e