Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги осудил, како што наведе, „нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам“.
Извршниот комитет ги осуди и „обидите на полицијата да ги спречи протестите, со закани и провокации, обидувајќи се да го задуши секое изразување на незадоволство“.
„Извршниот комитет одлучил дека, партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната седница, ИК ја разгледал и усвоил и анализата за одржаните локални избори, која денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот комитет.