ВМРО ДПМНЕ: На хаосот мора да му се стави крај!

„Македонија три години тоне. Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме:

Понижени просветни работници.
Земјоделци кои немаат ни за леб.
Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат на рака на работодавачите.
Лекари кои земаат плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.
Бизниси кои се рекетирани.
Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.
Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.
Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.
Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.
Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.
Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.

На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e