ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот Комитет донеле одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата составена од членови на ИК, информираа од опозициската партија.
Во соопштението се наведува дека тие во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе отпочне со ажурирање на членството.