ВМРО-ДПМНЕ реагираше на текстот на Цивил дека лидерот на партијата, Никола Груевски размислува за оставка.
„Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат.
Понатамошни и идни чекори на партијата ќе бидат превземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија“, стои во соопштението на опозициската партија.
Претходно, и генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски ја отвори можноста за промена на лидерската позиција.