ВМРО- ДПМНЕ ги наградувало гласачите од Пустец: 20 евра од глас

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова на денешното презентирање на обвинителниот акт рече дека во текот на постапката ќе биде докажано дека државјани на Албанија кои биле носени да гласаат на изборите во Македонија, за тоа добивале и награда од 20 евра.

Според обвинителниот акт парите на гласачите од Пустец им ги давал градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Како што рече Стефанова, Груевски побарал од Јанкуловска да организира лица македонски државјани кои живеат во Република Албанија и Косово да добијат незаконско решение за живеалиште и лична карта и да влезат во избирачкиот список.
Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e