Злоупотреба на институциите, селективна правда, нарачани постапки и притвори, па изнуда на огромни суми пари. Вака се тргува со правдата додека Зоран и Вице Заеви владеат со Македонија, порачаа денес од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека секојдневно има висока трицифрена бројка на новозаболени од корона вирусот и по неколку починати, за Заев и понатаму приоритет рекетот. Здравјето на граѓаните не го интересира.
Сето ова случува во период кога Ковид-19 коси се, а Филипче и Заев со неспособноста го направија здравствениот систем целосно нефункуционален.
Филипче наместо да го менаџира здравствениот систем за справување со корона вирусот, тој брои новозаразени и починати од корона вирусот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ:
Филипче и Заев се грижат за личните интереси, само играат игра со која сакаат да остават впечаток дека нешто работат, дека се грижат за здравјето на граѓаните, стои во партиското соопштение.
На 15-ти јули ќе се стави крај на штетните активности на Заев.Следи пораз на СДСМ.
Изборот е јасен. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.