ВМРО ДПМНЕ: Блокада на три раскрсници и протест пред Суд

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение најавува блокирање на три крстосници во Скопје од 15 до 17 часот:

– Крстосницата кај Мавровка;

– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Исто така од партијата најавуваат дека и денеска во 18 часот ќе организираат протест пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во денешното соопштение повторно реагираат на притворањето на осомничените за настаните од 27 април.

– Измислувањето и конструирањето на обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против сите кои не се согласуваат со антидржавните политики и имаа храброст тоа јавно да го кажат. Да се прогласат за терористи луѓе кои никогаш не држеле оружје во рака и истите да се изедначат со терористите од Диво Насеље кои убија осуммина бранители е срамно и недозволиво, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e