ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите преку напади и закани да се изврши притисок кон судот и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“.
Синоќа членови на Шарената револуција го исфарбаа Кривичниот суд Скопје 1 со што пратија порака дека работата на СЈО не треба да се опструира, а како што велат овој суд е извор на најголемите опструкции во работата на СЈО.
Во материјалите кои ги објави опозицијата се слушаат гласови кои многу наликуваат како на оној на Сашо Мијалков, Никола Груевски, Илија Димовски и други, за тоа како местат судии и нарачуваат судски одлуки.
Работата на СЈО во наредниот период е да ги истражи овие индиции за криминал и да се открие кој навистина прави притисок врз судот.
За поврзани вести продолжете надолу