Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вечерва вонредно заседаваше за состојбата со коронавирусот. Тие наведуваат неколку барања до Владата за да се превенира ситуацијата од ширење на заразата.
Тие бараат распуст за децата од предучилишна и училишна возраст, како и строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со коронавирус.
„Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица. Надлежните институции, Центар за управување со кризи, Државен здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување – дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.