ВМРО-ДПМНЕ бара МВР во најбрз можен рок да го реши случајот во кој беше нападнат пратеникот Горан Милевски

Насилството не е решение и ВМРО-ДПМНЕ осудува секаква примена на сила вклучувајќи го и вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот, Горан Милевски.

ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ.

Без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, МВР мора да го открие сторителот, велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e