Oткако Македонија претрпе пораз од Грција со 28:26 во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на својата Фејсбук страница објави видео од дочекот на ракометарите на плоштадот “Македонија” во 2012 година.
„Тогаш Македонија беше држава. Имаше ракометари кои оставаа срце на теренот. Народот се радуваше на плоштадот. А денес? Денес ги имаме СДСМ и Зоран Заев“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.
