Вечерва партиските органи и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучуваат што по Референдумот…Од СДСМ информираат дека Извршиот одбор ќе ги разгледува опциите за деблокирање на процесот кој го закочи опозицијата. Од ВМРО – ДПМНЕ потврдуваат дека Извршниот комитет ќе ја разгледуваат опцијата за предвремени парламентарни избори со барањата на Мицкоски за техничка влада, јавен обвинител и анкетна комисија. Но, од таму засега без коментар за повикот на сестринската ЦДУ, дека доколку не дадат поддршка во Собранието, ќе бидат одговорни за изолацијата на Македонија на долг рок. Денеска партијата на Меркел и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека иако потребниот цензус од 50 отсто излезност не е постигнат, одлучувачко ќе биде гласањето во Собранието…Министерката Дескоска информираше дека во Министерството за правда не пристигнал предлог за уставните измени произлезени од имплементацијата на Договорот од Преспа.
– Треба да се донесат одлуките дали ќе се оди на предвремени избори или на уставни измени ако се обезбеди мнозинството. Почетната процедура во подготовка за измена на Уставот не подразира веднаш да се почне со уставни амандмани, коишто се технички драфтирани, туку со предлог за измена на Уставот, којшто е во описен текст, вели Дескоска Тренеска…
Според ДУИ уставните амандмани во Собранието треба да се донесат со тајно гласање.
Мора таа тајност да ја обезбедиме и во Собранието. Премногу е сензитивно прашањето, големо и емоционално. Преголем е притисокот врз пратениците да донесат нерационална, дневнополитичка одлука. Гледаме и закани кон пратениците преку социјалните мрежи. Држава не се гради под притисок на дневнополитичкото мислење, туку со длабоко визионерство за наредните децении и векови. Затоа сметаме дека ова прашање пратениците треба да го одговараат на тајно гласање, а имаме право, во согласност со Уставот и со Деловникот,
За ДУИ резултатот од Референдумот е порака дека Договорот со Грција треба инситуционално да се имплементира.
