Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
За време на посетата премиерот Заев ќе оствари тет-а-тет средба со и словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите во Владата на Република Македонија, ќе имаат билатерални средби со нивните колеги од словенечката Влада, по што ќе следува и заедничката, пленарна средба на министрите во делегацијата на Република Македонија и министрите домаќини во Владата на Република Словенија.
Македонскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез, како и со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Во состав на делегацијата на Република Македонија се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економијиа Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.