Како ќе продолжи да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање? Во опција се три модели кои треба да исполнат една цел – препопраките на германскиот експерт Рајхард Прибе, но и да ја вратат довербата на граѓаните по скандалот со прислушуивањето.
Првиот модел за кој што се арзмислува е УБК да стане независна инстуцијам, комплетно одвоена од МВР. Вториот модел е да се сооедини со Агенцијата разузнавање, но и да се формира посебен орган на државната админсирација. Трата можносте да остана како и досега, во рамките на МВР.
Министерот за внатрешни работи, но и првите луѓе на УБК и Агенцијата за разузнавање се децидни – незаконското прислушување и злоупотребата на моќ во земјава се минато.
„Факт е дека клучен сегмент во оваа реформа треба да биде реформа во смисла на разумот и човечкиот потенцијал и тука да се даде акцент како право да се уреди. До 15 ноември треба до владата да предложам еден од моделите.“ – изјави Оливер Спасовски.
„27 години од постоење на оваа служба од кои 27 години во независна Македонија, досега служена е една реформа, формациска каде разузнавањето се одели од контраразузнавањето.“ – изјави Горан Николовски.
Академската заедница посочува дека припадниците на УБК немаат сопствен закон, а тоа во многу сегменти се појавува како хендикеп, тие истакнуваат дека моделот по кој што фунционира УБК е застарен.
„Неможноста под една капа да се управата за безбедност и класилниот криминалитет. и едните и другите мораат да работат според иста законска регулатива.“ – вели Маријан Николовски, универзитетски професор.
„Мојот предлог се однесува на комплетниот безбедносно разузнавачки систем, треб ада се донесе закон за национална безбедност и во рамките на него да се одредат местото и надлежностите на безбедносните безбедносни субјети кои ќе го сочинуваат.“ – вели Томе Батковски, универзитетски професор
Како еден од клучните реформи кои што власта ги направи изминатиов период е формирањето на ОТА-за следење на комуникациите. Реформите во безбедносниот сектор, следуваат по низата забелешки од меѓународната заедница и по аферата со прислушувањето. Токму за неа СЈО го формираше и најголемиот обвинителен акт „Таргет“ – „Тврдина“, во кој, за масовно прислушување ги обвини поранешниот прв разузнавач Сашо Мијалков, десетици вработени во тајните служби и функционери од најблиското опкружување на Никола Груевски.
Извор: 24ТВ
