Владата работи на мерката за супституција на придонесите – можност да се покачат 782.000 плати во државата

Премиерот, Зоран Заев денеска од Штип на поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип рече дека очекува да се најде начин за оптимално прифаќање на барањата на синдикатите за зголемување на платите на вработените во образованието, полицијата, пензионерите, работниците. Нагласи дека како Влада се посветени да инвестираат во човечкиот капитал, а не како што рече, во претходниот период на различни „глупости“, како што се жални врби, музеи и фасади. Во моментов е посветен на мерката супституција на придонесите.

-Оваа мерка буквално дава можност да се покачат 782.000 плати во државата. Толку се вработени граѓани во нашата земја. Верувам дека проектот ќе биде успешен, би бил задоволен со 10 до 20 посто успешност, заради тоа што имаме институции каде што платите се високи и се даваат сите на сметка, ако тој процес сам по себе биде успешен, дури да ги одговориме и сите очекувања на синдикатите, тоа ќе значи и прв процес за зголемување на платите, вели Заев.

Смета дека со зголемувањето на платите ќе се подобри животниот стандард на населението, но ќе донесе и раст и развој на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e