-Обезбедивме 500.000 евра грантови за малите винарии,со денешната одлука на Владата ќе има средства за повеќе од 50 мали винарии. До крајот на овој месец е отворен јавниот повик на којшто сите заинтересирани ќе имаат можност да аплицираат за грант од 10.000 евра, соопшти вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Нашата максимална поддршка ја насочуваме кон стимулирање на развојот на малите семејни винарии, ги поддржуваме да го извадат својот квалитет на пазарот, што крајно ќе влијае врз зголемување на промоцијата на македонското вино, посочи Николовски.
