Денеска владата на Република Македонија ја оддржа 52-та редовна седница на која покрај другите точки се разгледуваше и одлуката на регулаторната комисија за енергетика за покачување на цената на водата.
“На денешната седница владата го разгледа Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги на ЈП за водоснабдување “Студенчица” Кичево, за снабдување со сурова вода наменета за населението од Регионалниот водовод Студенчица и донесе одлука да не даде согласност за покачување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.
Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните, и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата”, велат од владата.