Владата ќе одвои осум милиони евра за невладините

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства во 2019 година.

Според информацијата во 2018 година за оваа намена доделени се вкупно 428.903.454,00 денари финансиска поддршка на 888 здруженија и фондации, а за 2019 година за истата цел се предвидени 496.773.000,00.

Владата на РСМ денеска ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Национална стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023 со Акциски План, која има за цел да обезбеди услови за ефикасна имплементација на регулативата и мерките за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија мали и средни претпријатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e