Владата ќе одржи седница, еве кои точки се на дневен ред

Владата денеска ќе ја одржи редовната 71-ва седница со повеќе точки на дневниот ред меѓу кои и Предлог- законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Француската Република кој се однесува на основањето и на активностите на Француската агенција за развој, на Пропарко и на Експертиза Франција во Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, пред министрите, за разгледување и усвојување ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година, во која се предлага како и досега, со оглед на состојбата со коронавирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните, на пензионерите како најранлива возрасна група, исплаќањето на пензиите за мај да се изврши во групи.

На денешната седница, со почеток во 12:00 часот, меѓу точките, на дневен ред, за разгледување е и Информацијата за програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, предложена од Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e